Средба со новиот Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, г. Никола Димитров [fr] [sq]

Во петокот на 11 септември, амбасадорот оствари средба со новиот Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, г. Никола Димитров. За време средбата, беше реафирмирана француската поддршка за Северна Македонија во рамките на процесот на нејзина европска интеграција преку брзо усвојување на преговарачката рамка.

Соговорниците ја истакнаа важноста на првата меѓувладина конференција и се согласија дека треба да се даде максимален придонес за забрзување на реформите што ги бара ЕУ. Амбасадорот му посака успех на вицепремиерот Димитров на неговата нова функција.

JPEG

publie le 14/09/2020

hautdepage