Средба со новиот директор на Бирото за јавна безбедност [fr] [sq]

На 25 септември, амбасадорот, придружуван од аташето за внатрешна безбедност, оствари средба со новиот директор на Бирото за јавна безбедност, на кого му предаде писмо со честитки од неговиот француски колега, г. Ерик Морван.

JPEG
За време на средбата беше истакната одличната оперативната соработка меѓу нашите две земји и се разговараше на повеќе теми, вклучително и за тековните реформи, неопходната консолидација на владеењето на правото и одржувањето на референдумот на 30 септември. Директорот му посочи на амбасадорот дека сите мерки се преземени за референдумот да се спроведе во мирна атмосфера и во согласност со најдобрите европски стандарди.

publie le 27/09/2018

hautdepage