Средба со новиот државен правобранител, господинот Фехми Стафа [fr] [sq]

Во петокот на 26 октомври, амбасадорот оствари средба со господинот Фехми Стафа, кого Владата на Македонија неодамна го назначи на функцијата државен правобранител.

Г. Стафа го информираше амбасадорот за важноста на споровите околу имотите и интересите на државата што тој е одговорен да ги следи од општ интерес, но и во интерес на граѓаните во врска со активностите во негова надлежност. Амбасадорот со внимание ја констатираше изразената желба да се забрза решавањето на споровите и да се унапреди владеењето на правото, како приоритет на патот кон европската интеграција. Оваа институција, која заслужува посебна поддршка, изрази желба за унапредување на соработката, како на билатерален план, така и на европско ниво.

publie le 29/10/2018

hautdepage