Средба со новиот градоначалник на општина Чаир [fr] [sq]

Амбасадорот се сретна со новиот градоначалник на општина Чаир (Скопје), г. Висар Ганиу.

Во текот на средбата, тие разговараа за прашања поврзани со актуелните случувања, развојот на оваа општина и предизвиците со кои се соочува Чаир како општина во којашто живее претежно албанско население, една од најгусто населените во Европа. Состанокот беше исто така прилика да се разговара за можностите за соработка на амбасадата со оваа општина, особено со поддршка на Меѓународниот институт за мода "Изет Цури" и низ проекти за соработка на младите од различни заедници преку спортски активности.

publie le 20/06/2018

hautdepage