Средба со новиот министер за Култура [fr] [sq]

Амбасадорот и советникот за култура и директор на Францускиот институт во Скопје, остварија средба во среда на 10 јули со новиот министер за Култура, г. Хусни Исмаили. Средбата беше можност да се разгледа богатиот баланс на културните односи меѓу двете земји и да се иницираат нови проекти (Северна Македонија е поканета на Стогодишнината од постоењето на Парискиот театар Шајо, а Франција ќе биде почесен гостин на Саемот на книгата во Скопје), особено во рамките на Меѓународната организација на франкофонијата.

Амбасадорот ја пренесе подготвеноста на француските власти да соработуваат при спроведувањето на ефективни мерки во врска со активностите за заштита и промоција на Охрид како наследство на УНЕСКО. Француската вечер на Охридскиот фестивал ќе се одржи на 10 август во црквата Св. Софија.

publie le 12/07/2019

hautdepage