Средба со новиот министер за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство [fr] [sq]

Во понеделник на 15 јули амбасадорот оствари средба со новиот министер за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, г. Трајан Димковски. Во таа пригодам тие разговараа за можностите за обновување на билатералната соработка во областа на земјоделството и наводнувањето, како и за промоција на земјоделски и прехранбени производи во Франција.

Министерот Димковски го информираше амбасадорот за Владините приоритети и ги поздрави перспективите што се отвораат со доаѓањето на Француската агенција за развој, која сега е овластена од француската Влада за регионот на Западен Балкан.

publie le 20/07/2019

hautdepage