Средба со новиот министер за култура, г. Асаф Адеми [fr] [sq]

Амбасадорот, во придружба на советникот за култура и соработка и аташето за култура, на 14 јуни оствари средба со новиот министер за култура, г. Асаф Адеми.

На средбата, амбасадорот му честиташе на министерот за неговото назначување, а потоа тие разговараа за можностите за билатерална соработка. Министерот Адеми им се заблагодари на Амбасадата и на Францускиот институт во Скопје за многуте активности и проекти што се спроведуваат во рамките на Франкофонијата, каде што Македонија е полноправен член. Тој, исто така, му ги објасни на амбасадорот приоритетите на неговата стратегија за култура, заснована на зближување меѓу заедниците и се изрази подготвеност за воспоставување соработка и взаемни размени со француските и франкофонски културни институции.

publie le 20/06/2018

hautdepage