Средба со новиот министер за надворешни работи, г. Бујар Османи [fr] [sq]

Во четвртокот на 3 септември, амбасадорот оствари средба со новиот министер за надворешни работи, г. Бујар Османи. За време на средбата беше реафирмирана заедничката заложба за продлабочување на билатералните односи, од заемна корист за двете земји, особено преку вклучување на Француската агенција за развој, како и низ поддршката на Франција за Северна Македонија во рамките на процесот за нејзина европска интеграција преку брзо усвојување на преговарачката рамка.

Амбасадорот му посака успех на министерот Османи на неговата нова функција.

JPEG

publie le 14/09/2020

hautdepage