Средба со новиот министер за образование [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за култура, се сретна со новиот министер за Образование и Наука, господинот Арбер Адеми.

За време на средбата, тој срдечно му честиташе на господинот Адеми за неговото неодамнешно назначување на функцијата и во оваа прилика истакна дека се надева оти одличниот однос на доверба и транспарентност со ова министерство ќе продолжи и во иднина. На средбата се разговараше за билатералната соработка, а особено за унапредувањето на францускиот јазик во македонскиот образовен систем.

publie le 11/06/2018

hautdepage