Средба со новиот министер за правда, г-ѓа Рената Дескоска [fr] [sq]

Во вторник, на 18 јуни, амбасадорот оствари средба со новиот министер за правда, г-ѓа Рената Дескоска.

Реформите во судскиот систем и воспоставувањето на владеењето на правото беа главните теми на кои тие разговараа. Откако ѝ честиташе за нејзиното назначување, амбасадорот истакна дека Македонија може да смета на поддршката од Франција за спроведување на амбициозните реформи коишто се во тек, особено преку соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и нашата Национална школа за правосудство.

publie le 20/06/2018

hautdepage