Средба со новата претседателка на партијата ДОМ [fr] [sq]

На 13 ноември амбасадорот оствари средба со г-ѓа Маја Морачанин, пратеничка и нов претседател на партијата ДОМ (мнозинство во Парламентот).

Во таа пригода, тој повторно ја искажа својата поддршка кон подготовката на долгоочекуваниот закон за спречување на дискриминација што ќе претставува сигнал за напредокот на земјата кон европските стандарди во областа на човековите права. Тој се информираше за законот за минерални суровини кој е во постапка на усвојување и ја истакна важноста што Франција ја дава кон соработката во областа на животната средина, што е приоритетна тематика за активностите на Француската агенција за развој: Се очекува нејзините активности да започнат во Македонија во 2019 година, по одлуката на француската Влада да ја прошири нејзината надлежност во Југоисточна Европа. Тој потсети дека Франција останува решена да продолжи во согласност со насоките од конференцијата COP 21 и Самитот во Париз за климатските промени. Претседателката ја изрази својата посветеност, особено во однос на прашањето за квалитетот на воздухот, но исто така и во врска со политичките реформи и борбата против корупцијата, што е од суштинско значење за постигнување конкретни резултати во поглед на животната средина.

publie le 27/11/2018

hautdepage