Средба со парламентарниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, г. Драган Данев [fr] [sq]

Амбасадорот го поздрави новиот пристап за којшто се залагаат новите партиски власти на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посака формирање на широк консензус околу донесувањето на приоритетните закони, неопходни за европската и атлантската интеграција на земјата.

JPEG

Во четвртокот, на 29 март амбасадорот оствари прва средба со парламентарниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, г. Драган Данев. Соговорниците разговараа за актуелната ситуација и тековните дебати. Амбасадорот го поздрави новиот пристап за којшто се залагаат новите партиски власти. Тој ја изрази својата поддршка за продолжување во краток период на парламентарните активности кои ги обединуваат, почитувајќи ги правата на опозицијата и преку еден конструктивен дух, сите страни во интерес на земјата и нејзината европска интеграција. Тој посака формирање на широк консензус околу донесувањето на приоритетните закони, неопходни за европската и атлантската интеграција на земјата. Тој, исто така, изрази поддршка за интензивирање на парламентарните односи меѓу двете земји во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе го даде својот полн удел.

publie le 03/04/2018

hautdepage