Средба со поглаварот на Исламската верска заедница, реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи [fr] [sq]

Во средата на 30 октомври, амбасадорот оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на негово барање. Соговорниците разговараа, меѓу другото, за посветеноста на верските заедници на унапредувањето на меѓусебните односи и соживотот на верските традиции во Северна Македонија.

Амбасадорот се информираше за состојбата на оваа заедница и прашањата поврзани со меѓурелигискиот дијалог, истакнувајќи ја неговата важност за градење на европска конструкција што ги почитува разликите. Тој во оваа прилика потсети на принципите на францускиот секуларизам, кој ги штити религискиот и политичкиот простор од влијанија, во потполна согласност со законот и под контрола на независно правосудство.

publie le 03/11/2019

hautdepage