Средба со поранешниот учесник во НОБ Јордан Цеков-Дане [fr] [sq]

Во четвртокот, на 20 јули, амбасадорот оствари средба со поранешниот учесник во НОБ Јордан Цеков-Дане (роден во Куманово, на 15 јули 1921 година), командант на Третата македонска бригада при ослободувањето на Скопје

Јордан Цеков-Дане е публицист и историчар, поранешен член на Собранието на НР Македонија. За време на средбата тие разговараа за антифашистичкиот отпор, а г. Цеков му подари на амбасадорот негова книга за ослободувањето на Скопје, во ноември 1944 година.

Амбасадорот му се заблагодари на авторот за борбата на којашто ѝ ја должиме слободата и срдечно му го честиташе неговиот 98-ми роденден.

publie le 05/08/2018

hautdepage