Средба со премиерот [fr] [sq]

Во понеделник на 28 јануари, амбасадорот оствари средба со премиерот Зоран Заев, на којашто тие разговараа за прашања поврзани со актуелната политичка состојба.

Тие се осврнаа на националното помирување, особено по ратификацијата на Договорот од Преспа, кога треба да се даде приоритет на продолжувањето на реформите за интеграција на земјата во атлантските и европските структури, како и за продлабочување на економската соработка помеѓу Франција и Македонија.

JPEG - 91.9 ko

Во таа пригода, амбасадорот потсети на постојаната поддршка што Франција ја дава на македонските власти, а која се реализира преку конкретна соработка со француски експерти при подготовката на администрацијата за преговори со ЕУ.

JPEG - 66.8 ko

Тој му честиташе на премиерот за неговата решителност и му врачи монета по повод 25 години од потпишувањето на Договорот од Мастрихт, посакувајќи му успех во неговите напори во полза на процесот за европска интеграција.

publie le 30/01/2019

hautdepage