Средба со премиерот Зоран Заев [fr] [sq]

По завршувањето на Самитот за Западен Балкан во Познањ и по средбата на францускиот и македонскиот премиер, амбасадорот оствари средба со премиерот Зоран Заев во врска со европската перспектива на Северна Македонија и спроведувањето на реформите во согласност со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018 година.

Во таа пригода, тој ја повтори позицијата на Франција, која целосно ги поддржува напорите на земјата за надминување на билатералните спорови и за продлабочување на реформите насочени кон европска интеграција.

publie le 10/07/2019

hautdepage