Средба со претседателката на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје [fr] [sq]

Во вторникот на 30 јули, амбасадорот и аташето за соработка остварија средба со претседателката на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила. Во таа пригода, беа истакнати можностите за соработка во насока на подобрување на македонскиот здравствен систем, особено во поглед на предизвиците поврзани со имунизацијата и пристапот до основна здравствена заштита за сите.

Со новиот мандат на Француската агенција за развој и нејзиното дејствување на Балканот, Франција ќе може да соработува заедно со СЗО во Северна Македонија, во овој клучен сектор.

JPEG

publie le 01/08/2019

hautdepage