Средба со претседателот на ДПА [fr] [sq]

Во понеделникот, на 4 февруари амбасадорот оствари средба со претседателот на ДПА (владина коалиција), г. Мендух Тачи.

На средбата беа разгледани најновите случувања во Северна Македонија и регионот, како и очекувањето претседателските избори да бидат успешни, што ќе претставува нова демократска етапа од патот кон европската интеграција. Соговорниците се согласија дека треба да се направи максимален придонес за забрзување на реформите што ги бара ЕУ. Амбасадорот го пофали одговорниот придонес на ДПА во овој процес и ја истакна важноста од усвојување на законот за антидискриминација.

publie le 06/02/2019

hautdepage