Средба со претседателот на ДУИ, г-динот Али Ахмети [fr] [sq]

На средбата на амбасадорот во понеделникот, на 4 февруари со претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети се разговараше за најновите случувања во Северна Македонија и регионот по ратификувањето на Договорот од Преспа.

Разговорот исто така се фокусираше на претседателските избори во земјата и очекуваната нова фаза за воспоставување на владеењето на правото, во смисла на продолжување на реформите на патот на европската интеграција.
Амбасадорот ги пофали намерите на претседателот Ахмети да работи за успехот на националното помирување што ќе се одрази врз успехот на следните претседателски избори.
Тој го пофали и континуитетот на напорите на претседателот Ахмети и неговата клучна улога во најновите случувања што ќе овозможат пристапување на земјата кон НАТО, со целосна поддршка од Франција.

publie le 05/02/2019

hautdepage