Средба со претседателот на ДУИ, г-динот Али Ахмети [fr] [sq]

Во средата на 27 март, амбасадорот оствари средба со претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети. Во таа пригода, тие разговараа за најновите случувања во Северна Македонија и регионот, за европските избори, за реформите во судството и владеењето на правото.

JPEG

Амбасадорот ја истакна важноста за француските власти од усвојување на закон со широк консензус и овозможување интеграција на Специјалното обвинителство во судскиот систем, заради расчистување со одредени прашања од минатото, но и да претставува ефикасна институција за борба против корупцијата, што беше едно од прашањата за коишто се разговараше минатиот јуни во врска со можното отворање на пристапните преговори со ЕУ.

publie le 28/03/2019

hautdepage