Средба со претседателот на ДУИ, г-динот Али Ахмети [fr] [sq]

Во петокот на 21 јуни, амбасадорот оствари средба со претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети. Разговорот се фокусираше на актуелната политичка состојба во Северна Македонија и регионот, како и на еволуцијата на судските реформи и владеењето на правото.

Амбасадорот ја потврди важноста што ја даваат француските и меѓународните власти на усвојувањето на закон со широк консензус и овозможување интеграција на Специјалното обвинителство во судскиот систем, што ќе служи како ефективна алатка во борбата против корупцијата, која пак е една од точките што се разгледуваат за евентуално отворање на пристапните преговори со ЕУ.

JPEG

publie le 25/06/2019

hautdepage