Средба со претседателот на Движењето БЕСА [fr] [sq]

Во средата, на 13 јуни амбасадорот оствари средба со претседателот на Движењето БЕСА, кое е дел од владината коалиција, г. Африм Гаши и со г. Зеќирија Ибрахими, член на централното претседателство.

За време на средбата, двете страни го поздравија неодамнешниот напредок во решавањето на спорот за името со Грција, како и поволниот развој на парламентарните активности во процесот "Жан Моне". Амбасадорот срдечно ѝ честиташе на партијата за нејзиниот неодамнешен влез во Владата со цел да се прошири потребната поддршка за реформите, чиешто продлабочување е услов за успех во процесот на евроатланска интеграција, кој беше обновен во 2016 година.

publie le 20/06/2018

hautdepage