Средба со претседателот на Либерално-демократската партија [fr] [sq]

Во средата, на 26 декември амбасадорот оствари средба со претседателот на Либерално-демократската партија, г. Горан Милевски. Во таа пригода, тој му го честиташе изборот за претседател на партијата во втор мандат.

Двајцата соговорници разговараа за политичката и економската состојба во земјата, за работата на Собранието, а особено за перспективите за усвојување на законот против дискриминација, за забрзување на тековните реформи во областа на правосудството и за напредокот во насока на интеграција на земјата во европските и атлантските структури.

publie le 28/12/2018

hautdepage