Средба со претседателот на Нотарската комора [fr] [sq]

Во понеделникот на 17 јуни, амбасадорот оствари средба со претседателот на Нотарската комора г. Васил Кузманоски. Притоа, г. Кузманоски го информираше амбасадорот за најновите активности на Нотарската комора и за нејзината соработка остварена со Високиот совет на француските нотари.

На покана на Советот, претставници на Нотарската комора учествуваа од 2-ри до 5-ти јуни на 115-от Конгрес на нотарите на Франција. Соговорниците, исто така, разговараа за актуелната состојба во Нотарската комора, за статусот и улогата на нејзините членови, како и за можностите за понатамошна соработка во оваа област. Реформите на судскиот систем и воспоставувањето на владеењето на правото се од суштинско значење за отворањето на преговорите на земјата со ЕУ, потсети амбасадорот во оваа пригода.

JPEG

publie le 22/06/2019

hautdepage