Средба со претседателот на СДСМ, г. Зоран Заев [fr] [sq]

Во понеделникот на 20 јануари, амбасадорот оствари средба со претседателот на СДСМ, г. Зоран Заев. За време на средбата, тие разговараа за потребата од добро воспоставување на преодната влада, за спроведување на фер, транспарентни и регуларни предвремени парламентарни избори, како и за усвојување на законот за јавното обвинителство во Парламентот.

Во оваа прилика, амбасадорот ја повтори волјата на француските власти да продолжат да ѝ помагаат на земјата на нејзиниот европски пат, во нејзините реформи и врз основа на обновена методологија за проширување на Унијата.

publie le 22/01/2020

hautdepage