Средба со претседателот на Судскиот Совет, г. Киро Здравев [fr] [sq]

Во понеделникот, на 27 мај амбасадорот оствари средба со новиот претседател на Судскиот Совет, г. Киро Здравев.

Во таа пригода, тие разговараа за функционирањето на оваа институција, за нејзината намера да ги процесуира сите неразрешени случаи, за работните услови, како и за перспективите на Советот низ призмата на европската интеграција и тековната реформа во областа на правосудството.

JPEG

publie le 01/06/2019

hautdepage