Средба со претседателот на Турско-македонската стопанска комора (МАТТО) [fr] [sq]

Во вторникот на 17 септември, амбасадорот оствари средба со претседателот на Турско-македонската стопанска комора (МАТТО), г. Ајдован Адемоски, како и со двајцата потпретседатели, г. Есер Џевахир и г. Билал Суџубаши. Средбата беше можност да се разговара за прашања поврзани со актуелните економски случувања, искуствата на странските инвеститори и трговската размена на двете земји со Северна Македонија.

Амбасадорот особено го истакна охрабрувањето што го даде Претседателот Макрон до амбасадорите на Франција за време на нивната последна годишна средба во Париз и до француските економски чинители, да бидат поприсутни во овој регион, особено Француската агенција за развој.

JPEG

publie le 20/09/2019

hautdepage