Средба со претседателот на новото Движење „Алтернатива", г. Африм Гаши [fr] [sq]

Во четвртокот, на 4 април амбасадорот на Франција оствари средба со г. Африм Гаши, претседател на новото Движење „Алтернатива" (партија член на владината коалиција, којашто произлезе од поделбата на „Беса"). Г. Гаши му ја изложи на амбасадорот амбицијата на неговата партија да ги застапува сите заедници во корист на создавање на вистинска правна држава, што претставува неопходен услов за европската иднина на Република Северна Македонија.

JPEG

Овој пристап ја даде поддршката на пратениците на Алтернатива за уставните измени и текстовите на законите од коишто зависиат европската иднина на земјата, како и борбата против сите видови на дискриминација. Амбасадорот му честиташе на г. Гаши за овој пристап и посака партијата целосно да придонесе за демократскиот живот на земјата, особено преку учество во фер и транспарентна претседателска кампања.

publie le 08/04/2019

hautdepage