Средба со претставничката на УНХЦР во Република Северна Македонија, г-ѓа Моника Сандри [fr] [sq]

Во вторник на 19 февруари, амбасадорот оствари средба со претставничката на УНХЦР во Република Северна Македонија, г-ѓа Моника Сандри, неодамна назначена на оваа функција.

Во оваа прилика, тие разговараа за повеќе прашања за кои е надлежна канцеларијата на УНХЦР, како што е следењето на кризата со мигрантите и пристапот до правото на азил, проблемот со бездржавјанството, образованието, или заштитата на луѓето од ранливите категории.

publie le 21/02/2019

hautdepage