Средба со претставниците на Здружението на новинари (ЗНМ) [fr] [sq]

Во четвртокот на 1 август, амбасадорот оствари средба со г. Младен Чадиковски и г. Драган Секуловски, претседател и директор на Здружението на новинари (ЗНМ). Тие разговараа за актуелната состојба во новинарството во Северна Македонија и најновите случувања во медиумскиот сектор.

Во таа пригода, амбасадорот ја истакна важноста што Франција ја придава на продолжувањето и зацврстувањето на постигнатите реформи на ова поле, со цел слобода на новинарите, транспарентност и еднаквост на медиумите, коишто се суштински елементи на патот на земјата кон европска интеграција.

JPEG

publie le 05/08/2019

hautdepage