Средба со професорот Лазаров [fr] [sq]

Во петокот, на 20 јули, амбасадорот го прими во посета г. Лазар Лазаров, поранешен професор на Факултетот за дипломатија и меѓународни односи при Универзитетот ФОН во Скопје.

Во оваа прилика, професорот Лазаров го информираше амбасадорот за неговите тековни истражувања во областа на меѓународната политика, дипломатијата и црковните односи меѓу земјите од регионот на Балканот.

При своите научни истражувања, професорот Лазаров, меѓу другото, ги користи и дипломатските архиви на Министерството за надворешни работи во Нант и Дирекцијата за документација и радиодифузија во Париз.

Тој има објавено низа трудови што го илустрираат интересот и позитивниот пристап на француските дипломати во раните денови на Социјалистичка Република Македонија и кон нејзиниот народ.

publie le 05/08/2018

hautdepage