Во понеделникот на 30 септември, амбасадорот го прими во резиденцијата на Франција, на негово барање, Христијан Митевски, средношколец и млад уметник од Штип, кому политиката му е страст и кој неодамна се сретна со претседателот Пендаровски, како и со премиерот и претседателот на Собранието.
Во оваа прилика, тој изработи портрет на амбасадорот и изрази голема желба еден ден да се сретне со претседателот Макрон. Многу сака да ја види својата земја наскоро да започне преговори со ЕУ и да ги забрза реформите, особено во борбата против корупцијата и да им обезбеди на младите да имаат за што да се надеваат.