Средба со вработените на компанијата ТАВ [fr] [sq]

Амбасадорот организираше прием во резиденцијата на Франција за претставници на компанијата ТАВ, вработени во службите за пријавување, обука и раководење. Оваа компанија управува со аеродромите во Скопје и во Охрид.

Во таа прилика, тој ја нагласи одличната соработка меѓу ТАВ и Службата за внатрешна безбедност при нашата амбасада, како во однос на обуката за откривање на случаи со лажни документи, така и за шенгенските прописи и техничката поддршка за вработените во службата за пријавување. Менаџерката за опслуга и прием на патници и воздухоплови, багаж, стока и пошта на оваа компанија, срдечно му се заблагодари на амбасадорот во име на ТАВ, му посака многу успех во новата година и продолжување на нашата плодна соработка.

publie le 23/01/2019

hautdepage