Средба со заменик-министерот за Надворешни работи [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од првиот советник, се сретна во средата, на 5 септември, со заменик-министерот за Надворешни работи, господинот Андреј Жерновски, долгогодишен пријател на нашата амбасада.

JPEG

За време на средбата, двајцата соговорници го истакнаа актуелното продлабочување на односите меѓу Франција и Македонија, главно во економската сфера, како и соработката во насока на реформите и консолидацијата на владеењето на правото. Тие исто така разговараа и за вклученоста на Македонија во Франкофонијата и нејзините различни димензии. Амбасадорот ја потврди поддршката на Франција за процесот на интеграција во европските и атлантските структури и ги поздрави напорите на македонската Влада на овој континуиран пат уште од независноста на земјата. Тој ја пренесе желбата на највисоките француски власти, референдумот на 30 септември да претставува нов чекор во насока на интегративниот процес.

publie le 10/09/2018

hautdepage