Средба со заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Неџад Мехмедовиќ [fr] [sq]

Во понеделникот на 30 септември, амбасадорот оствари средба со неодамна именуваниот заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Неџад Мехмедовиќ. За време на средбата, амбасадорот му честиташе на новиот заменик-министер.

За време на средбата тие разговараа за процесот на интеграција во ЕУ и потребата да се понудат еднакви можности на сите заедници за застапеност и унапредување во администрацијата и воспоставување на ефикасен систем против клиентелизмот и корупцијата. Во врска со Франкофонијата, тие зборуваа за можностите за соработка во областа на обуките во контекст на активностите на Француската агенција за развој во Северна Македонија.

JPEG

publie le 02/10/2019

hautdepage