Средби со министерот и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од првиот советник и аташето за внатрешна безбедност, оствари средба во вторникот на 21 јануари со г. Наќе Чулев, министер за внатрешни работи на преодната влада, а потоа и со г-ѓа Славјанка Петровска, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

За време на разговорите, амбасадорот ја истакна важноста што ја придаваат француските власти за непречено да се одвива организацијата на овие избори, за ефективно продолжување на нашата одлична билатерална соработка и кон тоа министерството за Внатрешни работи да функционира во насока на неговиот општ интерес. Очекуваме тоа да ја продолжи својата борба против организираниот криминал, трговијата со луѓе и наркотици во најдобри можни услови. Сè со цел кредибилна и побрза европска интеграција.

publie le 22/01/2020

hautdepage