Ставање крај на трговијата со мало и лесно оружје во регионот на Западен Балкан [fr] [sq]

Во четвртокот, на 18 септември, амбасадорот го отвори во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје координативниот состанок на француско-германската иницијатива за трговија со мало и лесно оружје во регионот на Западен Балкан.

Со состанокот копретседаваа амбасадорот задолжен за транснационални криминални закани и борба против недозволената трговија со мало и лесно оружје, Жан-Клод Брине и директорот за контролата на конвенционалното оружје при германското МНР, г-дин Маркус Бленрот. Иницијативата, која обединува шест земји во регионот под покровителство на Франција и на Германија, има за цел да се стави крај на нелегалната трговија со мало и лесно оружје во регионот, за подобра безбедност на локално и на европско ниво.

Амбасадорот истакна дека се работи за многу значајна француско-германска иницијатива, започната на Самитот на Берлинскиот процес во Трст: "Целта е да се ослободи Балканот од лесното оружје што циркулира без контрола. Ова е многу важен настан. Присуството на министерот за Внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски ја покажува посветеноста на македонските власти на ова прашање". Амбасадорот потсети и на симболичното значење на овој заеднички француско-германски проект за европска интеграција на "Југоисточна Европа, сто години по завршувањето на Првата светска војна и го истакна во оваа прилика посебниот квалитет на нашата билатерална соработка со Македонија, ориентирана кон оперативни активности и во целосна синергија со напорите на меѓународните организации кои дејствуваат во оваа област.

publie le 22/10/2018

hautdepage