Сто години Версајски договор: границите во мировните договори [fr] [sq]

Во четврток на 16 мај, амбасадорот ја отвори заедно со ректорот на Универзитетот "Свети Климент Охридски" проф. д-р Сашо Коруновски и со г-ѓа Наташа Петровска, градоначалничка на Битола, научната конференција на тема "Сто години Версајски договор: границите во мировните договори".

"Сто години подоцна, во Битола, градот на конзулите, поранешниот центар на европската историја, упатуваме нов поглед кон Европа". Настанот е дел од еден долгорочен проект осмислен да се создаде во Битола, градот "Верден на Балканот" традиција на годишни конференции за војната и мирот. Настанот беше во организација на амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет при Универзитетот во Битола и со поддршка од амбасадата на Германија, претставувана од советникот за култура. Младата публика од двојазичната гимназија Јосип Броз Тито постави многу прашања до предавачите од Франција, Германија, Србија, Албанија и Северна Македонија (линк кон програмата > bit.ly/2Jxc7UH). Во рамките на посетата, амбасадорот се сретна и со владиката Преспанско-пелагониски Петар и со него разговараше, меѓу другото и за соработката во областа на заштитата на културното наследство во регионот.

publie le 20/05/2019

hautdepage