Стогодишнина од влегувањето на француската армија во Скопје [fr] [sq]

Стогодишнината од влегувањето на француската армија во Скопје / Ускуп, на 29 септември 1918 година беше одбележана со положување венци од страна на амбасадорот пред меморијалниот споменик во Паркот на Франкофонијата и на Француските воени гробишта.

Во своето обраќање, тој потсети на победничката офанзива на Француската коњаница и на Мароканските Спахии, како и на борбите што се воделе на Водно и во тогашен Ускуп кои ги принудиле на повлекување војските на Централните сили и ја натерале Бугарија да побара примирје, што претставува вовед во Примирјето од 11-ти ноември истата година. Градот Скопје се приклучи кон церемонијата во знак на заедничките европски спомени и им оддаде почит на борците.

Венци положи и амбасадорот Зашов во име на Националната унија на ветерани од Франција и на Souvenir Français, во присуство на директорот на Воениот музеј, г-дин Александар Стојчев, на г-ѓа Мими Ѓоргоска од Управата за културно наследство при Министерството за култура, на претставници на Здружението за пријателство Франција-Македонија и на француската заедница.

publie le 01/10/2018

hautdepage