Свечено отворање на новата автопатска делница "Демир Капија-Смоквица" [fr] [sq]

Во понеделник, на 23 април се одржа церемонија за свечено отворање на новата автопатска делница "Демир Капија-Смоквица" којашто го комплетира Пан-Европскиот Коридор X, меѓународниот автопат што ги поврзува Салцбург и Солун преку Љубљана, Загреб, Белград и Скопје.

Грчката фирма Актор беше одговорна за изградбата иницирана во 2012 година, а француската компанија ЕЖИС беше дел од проектот како лидер на надзорниот конзорциум.

На свеченоста, на која беа поканети амбасадорите на земјите членки на ЕУ, премиерот Зоран Заев одржа говор во кој ја истакна важноста на стратегијата за изградба на транспортна инфраструктура во рамките на проектот за европска интеграција на Македонија.

Министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугаревски, истакна дека оваа нова делница на автопатот ги исполнува сите европски стандарди за заштита на животната средина и ги обезбедува потребните гаранции во однос на безбедноста на патиштата.

publie le 08/05/2018

hautdepage