Светски ден против хомофобијата и трансфобијата [fr] [sq]

На овој светски ден против хомофобијата и трансфобијата, амбасадата на Франција особено сака да изрази поддршка на организациите кои ги бранат правата на ЛГБТИК -лицата.

JPEG

Во таа насока, француско-германската награда за човекови права за 2017 година беше доделена на здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, минатата година амбасадата се приклучи кон првиот марш на гордоста во Скопје, а оваа година, ЛГБТ Јунајтед Тетово доби грант за поддршка на својата акција за дистрибуција на основните потреби на најранливите лица и семејствата од кризата КОВИД-19. Амбасадата на Франција искрено се надева дека следниот собраниски состав со ново гласање во најскоро време ќе го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација: неговото изгласување во 2019 година беше поздравено од ЕУ како значаен чекор во усвојувањето на европските вредности.

publie le 21/05/2020

hautdepage