Светскиот ден за борба против хомофобијата [fr] [sq]

Од 17 мај 2005 година, Франција го организира Светскиот ден за борба против хомофобијата. Денес тој се прославува во повеќе од 60 земји низ целиот свет.

Во оваа прилика, регионот Ил де Франс и компаниите за јавен превоз се здружија за да започнат кампања за подигнување на свеста, потсетувајќи на важноста од почитувањето на сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација. Оваа активност е една од многуте што се спроведуваат во Франција за почитување на различностите. Амбасадорот учествуваше денеска во Парламентот на одбележувањето на овој ден во Скопје, каде што неодамна беше изгласан новиот закон за спречување и заштита од дискриминација во согласност со европските стандарди.

publie le 18/05/2019

hautdepage