Текст на Амбасадорката Лоренс Оер за читателите на УТРИНСКИ ВЕСНИК од 31 декември [fr]

Мојата 2014 година: креативна, со верба и отворена

Јас, личност која е одлучна да биде оптимист, секогаш чуствувам дека позитивни работи можат да се случат, всушност дека ние можеме да направиме да се случат и тоа со волја и малку помош од среќата. Доколку ме прашате како ја гледам новата година, веднаш помислувам да ви посакам, на вас како поединци и на општеството илјадници среќни можности. Сметам дека основите за да се стигне до тоа се спој на добри лични случки и општествен систем кој го гарантира постоењето на доверба помеѓу институциите и граѓанинот.

Прва гаранција е слободата на избор на поединецот. Таа слобода на поединецот, основа на демократијата, е слобода на изразување, валоризација на својот избор и правото на достоинство, т.е. капацитет да се осигурат своите основни потреби и тие на своето семејство. Оваа лична слобода денеска се здружува со потребата да се развие капацитет да се интегрираат сложените вредности на глобализираниот свет кој треба да биде предност а не фаталност. И на крај, оваа слобода оди заедно со солидарноста кон другите, без разлика дали е тоа на ниво на семејство или други ранливи заедници. Токму затоа, француската амбасада воспостави награда за човекови права која оваа година ја даде за борбата против исклучивост.

Ја имам честа да бидам поканета да кажам збор во весник, затоа ќе инсистирам на спроведувањето на слободата на изравување во медиумите. Два закони поминаа во Собранието, мојата најдрага желба е овие закони да бидат спроведени во доверба, транспарентност и пред се’ да гарантираат на секторот за медиуми да ја остварува целосно својата улога во општеството.

Моите желби за 2014-та година одат во три насоки: да бидеме креативни, да имаме верба во себе и да бидеме отворени. Имам целосна доверба во капацитетите, талентите, жени и мажи, кои ги сретнуваам секојдневно: во секторите на креативните индустрии, генерации на утрешнината, дигитални претприемачи кои ја кројат иднината на Македонија - и тоа е корисно за сликата што ја дава земјата надвор. Сретнувам веќе цела година дизајнери, архитекти, креатори на мода или вино, кои се предност за млада и добро образувана земја. Во овој број сугерирав статии кои ги отсликуваат успешните приказни кои имав можност да ги сретнам и сигурна сум дека Ние би можеле да дадеме и мноштво други примери.

Во глобализираниот свет на утрешнината мислам дека најважното е да веруваме во нас, да се потпреме на себе за иднината, да се оттргнеме од ограничувањата кои често се само ментални.

Едно нешто што сакам да ни’ остане во сеќавање од 2013 за 2014 година е планетарната димензија која ја учиме од Мандела преку филозофијата на Убунту т.е. верба во универзалната врска која ја споделува човечноста. Тој не’ учи на помирување и прошка, неговата мудрост е мојата желба за 2014 година.

Ви посакувам на вас и вашите блиски среќни празници и среќа, здравје и успех во новата година.

JPEG

Оригиналниот текст може да го најдете на страната на Utrinski

publie le 03/01/2014

hautdepage