Територијална француско-македонска соработка [fr]

Европска територијална соработка – размена на мислења и позитивни француски и македонски искуства

Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа, организира на 17 и 18 декември 2015 г. активност за зајакнување на административните капацитети на овие две институции во поглед на координацијата и управувањето со програмите за прекугранична соработка.

JPEG

Оваа активност е дел од поддршката што Франција во период од повеќе години ја дава на македонските институции во однос на процесот за европска интеграција и усвојување на правните придобивки на Европската унија.

Во тие рамки, се одржува конференција која ќе му овозможи на францускиот експерт, Господинот Жан-Лик Фрес, одговорен за координирање на програмите за соработка коишто се во надлежност на Франција, да ги размени своите искуства со соодветните служби од Министерството за локална самоуправа, а во петок, на 18 декември, и со одговорните лица за координација и управување со програмите за соработка при Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа.

JPEG

„Амбасадата на Франција во Скопје го поддржува Секретаријатот за европски прашања во неговата улога за координација на фондовите за претпристапна помош (ИПА) и процесот на европска интеграција, преку развој на флексибилни и реактивни форми на соработка. Присуството на францускиот експерт непосредно до Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, со советодавна улога при Владата на Република Македонија за овие области, помага брзо да се идентификуваат и да се одговори на потребите на македонските власти. Франција, како во минатото, така и сега, продолжува со оваа соработка, придонесувајќи за реализација на европските перспективи на земјата”, изјави Вршителот на должност при Амбасадата на Франција, Господинот Доминик Готје.

publie le 18/12/2015

hautdepage