Тетово ја слави Франкофонијата [fr] [sq]

Амбасадорот присуствуваше во петокот, на 23 март, на денот на прославата на Франкофонијата организирана од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово во која постои двојазична франкофонска паралелка.

Во оваа прилика, тој го поздрави извонредниот ангажман на учениците и нивните професори, истакнувајќи ја важноста на францускиот јазик за нивната професионална иднина, вредностите на солидарноста што ги обединува франкофонските земји, како и важноста на активностите и заеднички напори насочени кон давање нов поттик на наставата по француски јазик во Тетово. Г-динот Ахмет Ќазими, претставник на општината Тетово, ја потврди поддршката што ја дава оваа општина и им честиташе на учениците за нивните јазични и културни достигнувања.

publie le 03/04/2018

hautdepage