Тимови на француската иницијатива "Europ’Raid 2018" поминаа низ Македонија [fr] [sq]

242 тимови на француската иницијатива "Europ’Raid" поминаа низ Македонија на 9 и 10 август.

Овој оригинален концепт вклучува туристичко патување низ повеќе држави и солидарни активности, при што секоја екипа треба да предаде 100 кг училишна, спортска или медицинска опрема на некое изолирано училиште во Источна Европа.

Учесниците минуваат скоро 10 000 км низ 20 земји за 23 дена со автомобили Пежо 205. Во Македонија, околу 400 учесници на Europ’Raid го посетија новиот Меморијален комплекс на француските воени гробишта во Битола, заедно со нашиот почесен конзул. Вечерта пак, на 9 август, нивниот камп во близина на Македонска Каменица го посети конзулот каде што имаше можност да се сретне со екипите и организаторите.

Благодарност до Бенжамен Леден и Жереми Бланден за нивниот пречек, до целиот организациски тим и до сите учесници за нивните активности наменети за децата. Добар пат на сите нив и да се видиме повторно догодина.

publie le 13/08/2018

hautdepage