Триесеттото издание на Скопскиот саем на книгата [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од советникот за соработка и култура, го посети 30-от Саем на книгата во Скопје, кој ги обединува македонските и странските издавачи на најпосетениот културен настан.

Скопскиот саем на книгата е посебна средба на љубителите на пишаниот збор, бележи околу илјада нови публикации годишно.

Амбасадорот посети повеќе штандови на издавачки куќи со кои амбасадата и Францускиот институт имаат соработка: Магор, Арс Ламина, Три, Логос А...

Во текот на изминатата година беа објавени петнаесетина преводи на француски автори, а беа организирани и неколку посети на дел од тие автори, во соработка со амбасадата, како што се познатите писатели Фредерик Бегбеде и Давид Фенкино и илустраторите Марк Бутаван и Ана Малер. Настанот го отворија господинот Луан Старова, потпретседател на Академијата на науките и уметностите, писател и поранешен амбасадор во Париз, и господинот Роберт Алаѓозовски, Министер за Култура.

Саемот на книгата ќе биде отворен до 9-ти мај.

publie le 09/05/2018

hautdepage