Триумфалната порта комплетно обновена за свеченостите што се одржаа на 8 мај [fr] [sq]

Оштетена во декември минатата година за време на протестите, Триумфалната порта и нејзиниот музеј, кои привлекуваат околу 1,5 милиони посетители годишно (http://www.paris-arc-de-triomphe.fr), беше комплетно обновена за свеченостите што се одржаа на 8 мај оваа година.

Портата е дом на гробот на незнајниот војник кој ја претставува жртвата на Французите за време на Првата светска војна. „Многу сум среќна што ова место успеа де ни се врати во рекордно време, бидејќи Триумфалната порта е од суштинско значење за борците и претставува симбол на единството на нацијата, како и на нејзините вредности”: г-ѓа Женевјев Дарјесек, државен секретар при министерството за Вооружени сили.

crédit photo > Julian Elliott/Getty Images - PNG crédit photo > Julian Elliott/Getty Images

publie le 12/05/2019

hautdepage