Тркалезна маса во Министерството за надворешни работи и меѓународен развој, на тема дигитална дипломатија [fr]

Во вторник 3 мај 2016 г. амбасадорката Оер ќе биде гостин на тркалезна маса во Министерството за надворешни работи и меѓународен развој, организирана во партнерство со Фејсбук на тема дигитална дипломатија

Оваа дебатна средба ќе биде можност да видиме како дигиталната технологија силно влијаеше на начинот на којшто се восприема институционалната ‎комуникација, културната соработка, како и односите меѓу граѓанското општество и институциите.

Со повеќе од 1,6 милиони фанови на своите Фејсбук страници во Франција и во странство, Министерството за надворешни работи и меѓународен развој е далеку напред пред останатите министерства на оваа социјална мрежа, а амбасадите и конзулатите се покануваат да ги користат активно.

Оваа тркалезна маса, исто така, ќе биде можност да се претстави извештајот "Soft power 30, a Global Ranking of Soft Power" во кој Франција позитивно се издвојува во областа на дигиталната комуникација.

Распоред на тркалезната маса:

Вовед
- Ромен Надал, портпарол на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој
- Антон Марија Батести, раководител на одделот за односи со јавноста на Facebook

Презентација на студијата "Soft power 30, a Global Ranking of Soft Power" - - - Џонатан Меклоури, соработник на британската консултантска куќа Портланд, автор на студијата

Тркалезна маса
Модератор: Стивен Жамбо, заменик-уредник на France24 задолжен за mashable.fr

- Тристан Мендес Франс, предавач на CELSA за новите примени на дигиталната комуникација
- Лоренс Оер, амбасадор на Франција во Македонија
- Ањес Алфандари, директор на одделот за дигитсална комуникација при Францускиот институт
- Лор Бело, новинарка на Ле Монд и автор на « исклучување на елитите » (да се потврди)
- Кејти Харбат, директор на одделот за глобална политика и управување на Фејсбук
- Џонатан Меклоури, соработник на британската консултантска куќа Портланд

publie le 29/04/2016

hautdepage