Училишна размена меѓу средношколците од Дулан и Куманово [fr] [sq]

На 13 април, учениците и наставниците од средното училиште"Гоце Делчев" од Куманово и на француската гимназија "Вал д’Оти" од Дулан, беа примени во резиденцијата на Франција, во присуство на раководителот за меѓународни односи на општина Куманово и претставници на Францускиот институт во Скопје

Учениците од двојазичната франкофонска паралелка на гимназијата "Гоце Делчев" од Куманово и на француската гимназија "Вал д’Оти" од Дулан, како и учениците од основното училиште "Боа л’О" од Бернавил беа примени во резиденцијата на Франција од страна на амбасадорот, а во присуство на г. Горан Митевски, раководител за меѓународни односи на општина Куманово. Овие две средни училишта имаат петгодишна плодна соработка преку училишни размени и работат на заеднички образовни проекти.

Нивната соработка, која создаде трајни врски меѓу учениците и семејствата, отвора можности за градење на подлабоки односи помеѓу општините Куманово и Дулан, што нашата амбасада ќе ги поддржи. Во својот поздравен говор, амбасадорот ја истакна значајната улога на наставниците и нивната вклученост во заживувањето на оваа активност, што претставува примерна иницијатива за изградба на Европа на младите. Во рамките на посетата, учениците положија венец во име на градоначалникот на Дулан на воените гробишта во Битола, во знак на признание за пожртвуваноста на француските војници на Македонскиот фронт. На 26 март 1918 година, во Дулан бил формиран здружениот команден штаб на сојузничките војски под команда на генералот Фердинанд Фош. Овој симболичен гест е признание за придонесот на војниците од Источниот фронт кон победата на сојузниците во 1918 година.

publie le 18/04/2018

hautdepage